Почетна страница
Како до подобра информираност на младите
Фондацијата за локален развој и демократија Фокус во соработка со општина Велес, во просториите на Фондацијата, одржа работилница со претставници на општинаската администрација и работната група на тема „Градење на капацитети на младите за креирање на механизми за алтернативни начини на информирање “. Целта на оваа работилница беше младите да ги достват своите предлози како до поголема достапност на информациите кои нив ги засегаат.
Нов успех на членовите на Младинскиот клуб
Членовите на Младинскиот клуб „Фокус“ од Велес, Моника Саздова и Дејан Ризински како дел од тимот заедно со Мартин Божновски од Скопје по втор пат освоија сребрен медал. Овој пат второтo место и сребрениот медал го освоија на Националното дебатно првенство кое се одржа во периодот од 28-30 април во Гимназијата „Никола Карев“ и беше организација на Младинскиот Образовен Форум од Скопје.

Повик за учесници во циклус “Обуки за младински активизам”

Проект на УСАИД за граѓанско општество
Школа за активно граѓанство
Школата за активно граѓанство ќе се организира за млади и претставници на граѓански организации или неформални групи, со цел да им обезбеди неопходно знаење и вештини за реализирање граѓански иницијативи. Школата е составена од два дела, кои ќе ги спроведуваат Младинскиот образовен форум (МОФ) и Форум-Центарот за стратегиско истражување и документација.
Во рамки на Школата за активно граѓанство, МОФ објавува повик за учесници во циклус од четири обуки за младински активизам на следниве теми:
• Слобода на здружување;
• Младински политики;
• Граѓански иницијативи;
• Аргументирано изразување.
Одржан првиот вики маратон во Велес
Фондација „Фокус“во партнерска соработка со Фондацијата „Метаморфозис“ во рамки на проектот „Децентрализирана соработка помеѓу Македонија и регионот Долна Нормандија“ ја реализираа првата обука.
11-те учесници на првата обука подготвија и внесоа статии за Велес и регионот на веб порталот www.wiki.mk. На овој начин тие ја збогатија страната со интересни и корисни информации од различни области : култура, туризам, значајни личности, објекти, настани и сл.

Одржана инфо-координативна средба во Чашка
Фондацијата за локален развој и демократија ,,Фокус“ во соработка со општина Чашка ја одржа координативно-информативната средба на претседателите на месни заедници.
Целта на средбата беше да се информираат присутните за официјално усвоените граѓански предлози влезени во годишната програма за работа на Советот на општина Чашка за 2012 година, потоа колкав дел од нив се реализирани досега, како и да продискутираат за проблемите со кои тековно се соочуваат.

Соопштение
Фондација „Фокус“ и Фондацијата „Метаморфозис“ објавуваат повик за пријавување на кандидати кои би учествувале во собирање и објавување на текстови за Велес и регионот за различни теми (културно историски споменици, занаети, обележја, манифестации, значајни објекти, фотографии и сл.) кои се значајни и интересни и кои би биле поставени на порталот www.wiki.mk.
Заинтересираните кандидати може да се пријават на електронската пошта Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. , директно во просториите на Фондација Фокус (на ул. „Трајко Панов“ бр. 22 во дворови наспроти градинката) или на телефоните 043 221 583 и мобилен 070 506 844 секој работен ден од 8:30 до 16:30 најдоцна до 23 Април.
Повеќе артикли...
- Промоција на дневен центар - Детелина во општина Чашка
- Работилница „Презентирање на начините на кои општината ги информира граѓаните“
- Одржана инфо-координативна средба во Градско
- Марш на идеи на младите во Велес
- Одржана инфо-координативна средба во Лозово
- Има начин да се активираш
- Средношколците во Велес порачаа
- Книгата „Детските солзи кога течат“ испечатена на англиски јазик
- Одржана инфо-координативна средба во Велес
- Пролетно чистење на дворот во домот на НВО














