Публикации

 
policy briefweb 2
javni nabavkiweb 2
Fokus Analiza2018 v4 web 1

ИЛЕ и МАЈА фин 1

Маја Чадиева Јенсен и Илија Попов директор на ССОУ„Гимназија Кочо Рацин“ на работна средба ја дефинираа взаемната соработка поврзана со реализацијата на проектот „Клуч за сопствен бизнис“ којшто Фондација Фокус го спроведува во Велес.

Чадиева Јенсен ги презентираше проектните цели кои се однесуваат на потенцијалните 48 ученици, учесници во реализацијата на проектот, кои од месец октомври ќе бидат теоретски и практично обучувани според две подготвени програми, за Моден и за Декоративен дизајн, од страна на експерти. Како дел од проектниот тим Чадиева Јенсен особено внимание посвети на делот на сертифицирањето на учениците кои по завршувањето на гимназиското образование ќе имаат уште една диплома којашто им овозможува да отворат сопствен бизнис во родниот град. Исто така тема на разговор беше и придонесот на проектот за локалната заедница во делот на намалување на невработеноста.

Директорот Илија Попов освен што покажа голем интерес за проектните активности, подготвените програми за работа на експертите и прирачниците за Моден и за Декоративен дизајн даде целосна поддршка на реализацијата на проектот. Тој констатираше дека станува збор за две нови и интересни програми кои можат да дадат придонес во развивање на иницијатива за можни идни занимања во локалната заедница. Гимназијата за логистичка поддршка на проектот „Клуч за сопствен бизнис“ ја именуваше професорката по македонски јазик Магдалена Сарагинова.

Проектот „Клуч за сопствен бизнис“ на Фондација за локален развој и демократија ,,Фокус”, се спроведува во рамки на Регионалната програма за Западен Балкан 2 (ReLOaD 2), која е финансирана од Европска Унија, а ја имплементира Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП). Проектот е кофинансиран од Општина Велес.