Публикации

 
policy briefweb 2
javni nabavkiweb 2
Fokus Analiza2018 v4 web 1

Маја 3

Наспроти очекуваниот голем интерес за двете едукативни програми од страна на учениците во велешката „Гимназија Кочо Рацин“ и од страна на директорите на останатите три средни училишта во Велес покажан е голем интерес за реализација на проектот „Клуч за сопствен бизнис“. Првично презентација и воспоставен интерактивен начин на комуникација со потенцијалната целна група на проектот беше одржана во СОУ „Гимназија Кочо Рацин“. За „Моден дизајн“ и за „Декоративен дизајн“ интерес покажаа први 33 ученици.

„Главната цел на проектот е намалување на невработеноста на младите во општина Велес по завршувањето на средно образование преку поттикнување на самовработување. За таа цел таргетирани беше целна група од 48 ученици од Гимназија Кочо Рацин од Велес од кои 26 ученички и 22 ученици. Активностите на проектот треба да дадат резултати со едукација на учениците во област на декоративен и моден дизајн како занаети кои ќе им овозможат да се самовработат по завршувањето на средното образование. За таа цел при крај е подготовката на четири месечната обука со Прирачник за реализација на програма. Проектот ќе ви понуди теоретска настава и практични часови во областа на декоративниот и модниот дизајн под менторство на професионални искусни едукатори кои се докажани во пракса. Нивна задача е на учениците да им пренесат добри практики од нивното долгогодишно работење во дејноста и при тоа да применат иновативност и креативност. По обуката ќе следи и практична работа во времетраење од еден месец,“ рече проектната асистентка Маја Чадиева Јенсен на презентацијата пред првозаинтересираните ученички и ученици во гимназијата.

Маја 1

Таа потенцираше дека сите ученици ќе бидат сертифицирани за потребите како на локалниот така и национален пазар на труд, бидејќи двата занаети се дефицитарни. Учесниците во проектот, кои ќе постигнат најдобар успех, ќе се стекнат со можност да бидат и идни обучувачи, можеби веќе од наредната учебна година.
Реализацијата на проектот, исто така, на сите учесници им овозможува и советодавна бесплатна правна помош во делот на самовработување преку самостоен бизнис.

Moden dizajn fin

Dekorativen dizajn fin

„Клуч за сопствен бизнис“ е проект со главен фокус за многу кратко време на интензивна едукација да ве подготви да бидете компетитивни на пазарот со стручна квалификација која ќе ве вброи во рамките на статистиката на вработени и успешни граѓани како на Велес исто така и на Македонија“, им порача Чадиева за време на презентацијата на гимназијалците.

Проектот Клуч за сопствен бизнис на Фондација за локален развој и демократија Фокус се спроведува во рамки на Регионалната програма за локална демократија во Западен Балкан 2 – ReLOaD2, која е финансирана од Европската унија (ЕУ), а ја имплементира Програмата за  развој на Обединетите нации (УНДП). Исто така кофинансиран е и од Општина Велес.