Публикации

 
policy briefweb 2
javni nabavkiweb 2
Fokus Analiza2018 v4 web 1

„... Само ветер во гласот го слушам, ко екот се врати пак в душа, убава песна не сака баш секој и на славеј камен врла некој ...“  стих на Тоше Проески

Драги мои читатели, сограѓани...

Сме биле силни, единствени, едноставни, храбри и хумани. Каква патриотска и космполитска визија сме имале ние... колку темели сме ставиле на нашата – македонска куќа . Не се прашав што било и за кого било лошо тогаш, затоа што, за мене болката нема лице, нема род, ја имаме сите и богати и сиромаси.

„... Сега пред нас, преку движењата на раката и трага од мастило ќе ставам и трага на мислата,како резултат од процесите во мојот живот. И сега ќе се обидам спрема него да ја дограбам последната врвица што ми преостанува во мојот живот, на патот за Иднината ... Зашто мојата Сегашност е разрешена од спознанието: дека сум јас работник, роб на господарот којшто за готови пари ја купува мојата сила, и дека тие пари ги добива пак од мене, продавајќи го мојот евтин труд за скапа цена.  Така барем изгледа кога тој не работи како мене, па сепак подобро живее и им ја купува на другите силата и трудот. Уште и ова: дека мене ми е невозможно да се ослободам од ова ропство, зашто здружението на господарите, наречено држава, бдее над мене и моќно е како гладот наспрема лебот, иако нивната волја ја извршуваат луѓе како што сум и јас - купени за готови пари .... “

„Не треба да се губи време за дискусии“ 
рускиот експерт д-р Анатолиј Скаљни

„Во битката по профит, газдите не ги интересирала еколошката состојба“

ИСТОРИСКИ ИСЧЕКОР – БЛАГОДАРНОСТ ДО ГРАДОНАЧАЛНИКОТ И СОВЕТНИЦИТЕ!

За ПРВ ПАТ после 35 години во трагедијата наречена ТОПОЛНИЦА, од политичарите, доби позитивен, едниствен, реален, а пред се НОРМАЛЕН чекор. Има политички став, од најсиоките општински фактори

НЕ САКАМЕ ТОПЛНИЦА ВО ВЕЛЕС!

Велешани веруваат дека ќе се прифатат и подржат  барања за доброто на сегашните и идните генерации.

Подолу одговор од Претеседателот на Владата на Република Македонија г-дин Никола Груевски

ГРУЕВСКИ: ВЛАДАТА ЌЕ ГО ПОЧИТУВА СТАВОТ НА ВЕЛЕШАНИ ВО ВРСКА СО ТОПИЛНИЦА

Македонскиот премиер Никола Груевски во врска со проблемот околу „Топилницата“, ќе го почитува ставот на велешани.
Груевски на новинарско прашање дали е со став „Топилницата“ да проработи на истата или на локација надвор од градот, одговори дека го поддржува ставот што го изнесе вицепремиерот Зоран Ставревски.
Ставревски вчера во Велес изјави дека Владата нема да направи никакви решенија коишто ќе бидат спротивни на интересите на граѓаните во овој град. Вицепремиерот смета дека во Велес не смее да има нови експериментирања со здравјето на граѓаните.
Тој додаде дека треба да се изнајдат и начини за прочистување на загадената почва во Велес и регионот, која во изминатите три години години додека работеше „Топилницата“ е натрупана со големи концентрации на олово и цинк кои се мошне опасни по здравјето.

... и ставот на г-дин Ставревски, потпретседател на Владата на Република Македонија

- Нашата заложба ќе биде да создадеме услови за здрава животна средина за граѓаните на Велес, додаде Ставревски.

СТАВРЕСКИ: ВЛАДАТА ЌЕ ГИ РАЗГЛЕДА СУГЕСТИИТЕ НА ВЕЛЕШАНИ ЗА ДИСЛОКАЦИЈА НА ТОПИЛНИЦАТА
-  Не смее да има нови експериментирања со здравјето на граѓаните на Велес, а долгогодишното загадување на градот мора да прекине.  

Вицепремиерот Зоран Ставревски денеска во Велес најави дека Владата ќе ги разгледа сугестиите од граѓаните дали евентуалното рестартирање на Топилницата треба да биде на постоечката или на нова локација надвор од градот.
- Нема да донесеме никакви решенија кои ќе бидат спротивни на интересите на граѓаните. Секое решение подразбира највисоките еколошки стандарди кои важат во Европа да се применуваат и за Топилницата и за сите други објекти во Република Македонија. Дали тоа ќе значи дислоцирање на Топилницата или некое друго техничко решение оставаме да кажат експертите, рече Ставрески.
Меѓутоа ниедно решение, додаде вицепремиерот нема да биде спротивно на интересите на велешани.
Не смее да има нови експериментирања со здравјето на граѓаните на Велес, а долгогодишното загадување на градот мора да прекине. Ние сме и за тоа да се најдат начини да се прочисти загадената почва во Велес и целиот регион околу градот, за граѓаните конечно да имаат квалитетни еколошки услови за живеење, рече Ставрески.

превземено од www.vmro-dpmne.org.mk

Дали навистина, искрено, верно и пред се Човечки сме отворени, посветени и комуникативни со светот околу нас....

„... Сега пред нас, преку движењата на раката и трага од мастило ќе ставам и трага на мислата,како резултат од процесите
во мојот живот...“