Врз основа на член 30 став 3 од Статутот на Сојузот на Извидници на Македонија, Старешинството на СИМ распишува
КОНКУРС
за избор на Генерален секретар на СИМ
Обврски и Услови
Генералниот Секретар на Сојузот на извидниците на Македонија:
• Е во редовен работен однос;
• Се селектира по претходно извршено интервју;
• За својата работа одговара пред Старешинството на Сојзот на Извидниците на Македонија;
• Е одговорен за секојдневното функционирање на Канцеларијата наСојузот на извидниците на Македонија;
• Ја поддржува работата на Старешинството на Сојузот на извидниците наМакедонија;
• Ја поддржува работата на Бирото на Сојузот на извидниците наМакедонија;
• Одржува секојдневни контакти со членовите на Сојуз на извидници на Македонија, со другите организации и институции во и надвор од Македонија;
• Подготвува и спроведува проекти и тековни активности на Сојузот;
• Извршува други задачи делегирани од Старешинството и Бирото наСојузот;
• Старешинството на Сојузот еднаш годишно ја разгледува работата на Генералниот Секретар;
Профил на Кандидат за Генерален Секретар
За успешно вршење на функцијата Генерален Секретар на Сојуз наизвидниците на Македонија, кандидатот треба:
• Да има познавање од проектен и финансиски менаџмент;
• Да има докажано искуство во организирање на национални имеѓународни активности и младински едукативни проекти во соработкасо надворешни партнери од планирање до имплементирање, вклучувајќилогистика и пишување извештаи;
• Да има релевантно искуство во невладиното организирање воМакедонија;
Да е способен да работи по сопствена иницијатива;
• Да е способен да работи со тим;
• Да има капацитет да раководи со неколку проекти симултано, да гипочитува крајните рокови и да направи приоритет на работа;
• Да е способен да собира, анализира и пренесува информации;
• Да има капацитет да работи со луѓе со различна социјална и културнапозадина;
• Да има можност да работи со флексибилно работно време, а кога епотребно и викенди;
• Да има можност и желба да патува низ земјата, а повремено и востранство;
Потребни знаења на кандидатот за Генерален Секретар
• Да има високо образование или соодветно работно искуство;
• Да е запознат со работата на Сојузот на Извидниците на Македонија,како и невладиното организирање во Македонија;
• Да има познавање од законските прописи поврзани со Здруженијата награѓани;
• Задолжително познавање на англиски јазик (пишувње, читање иговорење), а пожелно и на француски јазик;
• Да поседува возачка дозвола;
• Искуство во работа на компјутери, посебно на MS Office, Open Source;
Рок и начин на пријавување
Сите заинтересирани кандидати треба да ги достават следниведокументи:
- Кратка биографија;
- Мотивационо писмо;
Сите кандидатури треба да пристигнат по електронска пошта наследните адреси: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. и Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
Рокот за поднесување на сите кандидатури е 11 Февруари 2009година (среда), до 16:00 часот.
Само селектираните кандидати ќе бидат контактирани и повикани наразговор!
Ве молиме, без телефонски повици.