ЈП „Национални шуми“ позитивно одговори на барањето на Фондација Фокус со партнерите ОУДГ „Димче Мирчев“ и ПОУ „Маца Овчарова“ во проектот „Зелени детски градини„ што беше причина Маре Басова помошник директор во националното претпријатие да дојде на средба во Велес. На 3 јули Басова прво го посети ПОУ „Маца Овчарова“ и разговараше со директорката Мирјана Стефановиќ за планирање на просторот во дворот и особено за месата на кои што треба да се засадат туите кои се дел од „Зелената детска градина“.
На 8 јуни се одржа втората координативна средба со директорките на ОУДГ „Димче Мирчев“, Маја Велиновска и на ПОУ „Маца Овчарова“, Мирјана Стефановиќ со извршната директорка на „Фокус“, Убавка Јаневска во дворот на детската градинка , каде беше разгледана површината за реализација на проектот и утврдено кои вид на садници да се насадат, потребите од набавка на алатки , садови –жардињери ,мрежа за оградување на просторот црева за наводнување.
Фондација Фокус на 1 јуни 2020 година ја одржа првата координативна средба со директорките на ОУДГ „Димче Мирчев“, Маја Велиновска и на ПОУ „Маца Овчарова“, Мирјана Стефановиќ на која што извршната директорка на Фокус Убавка Јаневска ги информираше за конкретните активности поврзани со реализацијата на проектот „Зелени детски градини„ во кои двете општински установи се партнери на фондацијата.