Публикации

 
policy briefweb 2
javni nabavkiweb 2
Fokus Analiza2018 v4 web 1

Во рамки на активностите поддржани од програмата на Цивика мобилитас, Фондација за локален развој и демократија Фокус, на 30.06.2017 година ја одржа средбата со претставници на млади лица од локалната заедница. Тие имаа можност да се запознаат со мисијата и визијата на Фондацијата како и за плановите и проектните идеи кои има намера да ги реализира во иднина. На средбата присуствуваа матуранти, средношколци и студенти. Тие покажаа голем интерес да бидат дел од програмите на Фондацијата поврзани со младите.
Извршниот директор на Фокус Убавка Јаневска им потенцираше дека вратите на Фондацијата се отворени за нив и нивните креативни идеи, а иницираше и нивна поголема вклученост во програмите за млади на Еразмус +.


Преку видео презентација финансискиот менаџер Димче Велев ги запозна младите со проектите кои Фондација Фокус досега ги реализирала.
Младите побараа настаните, обуките и работилниците за развивање на креативни вештини, за пишување на CV, да се одржуваат на јавен простор со цел да добијат поголема видливост и да бидат подостапни меѓу младата популација во градот. Дел од нив ги објаснија и проблемите со кои се соочуваат при реализација на проектните активности. Сметаат дека поради недоволна информираност и мотивација се губи целта на проектот. Затоа тие побараа при нивното волонтирањe да ги добиваат вистинските информации и тоа да се прави на покреативен и инвентивен начин, како на пример со пуштање на видео на социјалните мрежи, така да допре до младите и да се пренесе вистинската порака.


Младите присутни на средбата истакнаа дека во проектните активности на Фондацијата би требало да се вклучат и малцинствата како ранлива категорија на млади. Иницираа да бидат поактивни во младинскиот клуб на Фокус преку кој ќе организираат разни настани но и други форми на забава и дружење. Дел од нив како поискусни волонтери и активисти се понудија да работат со програмите за млади на Еразмус +. Двајца од нив најавија дека ќе го подготвуваат првиот проект од програмата на Еразмус.
На средбата претставниците на младите заедно со тимот на Фокус се договорија почесто да одржуваат неформални средби со цел да се дружат, разменуваат информации и да работат на проекти кои сами ќе ги иницираат и реализираат.
На иницијатива на младите еднаш неделно во просториите на Фондација Фокус, ќе имa филмска вечер на избрани филмови чии што теми потоа ќе ги дебатираат.
На младите Фокус им даде шанса да предложат свој кандидат за член на новиот состав на Одборот на Фондација Фокус.