|
ПОКАНА за присуство на работилница |
|
ПОКАНА за присуство на работилница за идентификација на граѓански приоритети за 2009 год. 
Општина Чашка и Фондацијата за локален развој и демократија „Фокус“- Велес организираат работилница за идентификација на граѓанските приоритети за 2009 год. Приоритетите кои ќе бидат предложени на работилницата од страна на претставниците на месните заедници и невладините организации, ќе бидат доставени до општинските служби и Советот на општината со цел да бидат земени предвид при подготовка на Нацрт програмите на општината за 2009 година. За таа цел, Ве покануваме да присуствувате на работилницата закажана за 24.11.2008 год во О.У. „Тодор Јанев“ во Чашка, со почеток во 12:00. Во прилог е предвидениот дневен ред на работилницата. Со надеж дека ќе ја прифатите поканата за присуство Ве поздравуваме.
|
|
Прочитај повеќе...
|
|
|
Покана за координaтивна средба |
|
Почитувани, Фондацијата за локален развој и демократија ФОКУС , Велес Ве поканува да присуствувате на координативна средба на здруженијата на граѓани од Општина Велес.
Целта на средбата е да се подготви и достави предлог до општинаската администрација и Советот на општината за уредување на начинот на финансирање на НВО и поддршка на активностите на граѓанските здруженија во 2009 година. Средбата ќе се одржи на ден 12 ноември 2008 година (среда) со почеток во 18.30 часот.
|
|
|
ИНФОРМАЦИЈА ЗА ОДРЖАНИ ЈАВНИ РАСПРАВИ |
|
Се одржаа јавните расправи по Нацрт-документите на Општина Велес за 2009 година. Можности за нови предлози и дополнувања се уште постојат. Истите можат да бидат поденсени лично во општината, по електорнски пат на е-миал
Оваа адреса на е-пошта е зашититена од спем-ботови, потребно е да го вклучите Javascript-от за да ја погледнете
или директно на веб порталот на општината www.veles.gov.mk.
|
|
Прочитај повеќе...
|
|
|
Конкурс за награда од ЕРСТЕ Фондација |
|
|
Јавна расправа по Нацрт-документите |
|
Почитувани, Општина Велес и Фондација „Фокус“, организираат Јавна расправа по Нацрт-документите на Општина Велес за 2009 година: * 03.11.2008 година (понеделник) со почеток во 16:00 часот во големата сала на Општина Велес, за претставниците на институциите од областа на образованието, културата, здравствената и социјална заштита и * 03.11.2008 година (понеделник) со почеток во 18:00 часот во големата сала на Општина Велес, за претставниците на здруженија на граѓани и фондации (спортски клубови, невладини организации, културно уметнички друштва итн.) Јавната расправа е отворена за сите граѓани на Велес.
|
|
Прочитај повеќе...
|
|
|
Презентација на активности на Младинскиот клуб |
|
Фондацијата за локален развој и демократија ФОКУС, после јунскиот музичко забавен хепенинг, продолжи да го имплементира проектот Младите за Отворено Општество - Локална Младинска Иницијатива на територијата на општина Велес, кој е финанансиски поддржан од Фондацијата Институт Отворено Општество Македонија (ФИООМ) како Имплементатор на национално ниво е Младинскиот Образовен Форум(МОФ).
|
|
Прочитај повеќе...
|
|
|
|
<< Почеток < Претходна 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 Следна > Крај >>
|
| Резултати 89 - 99 од 122 |