|
 Фондацијата ФОКУС Ви поскаува СРЕЌНИ НОВГОДИШНИ И БОЖИЌНИ ПРАЗНИЦИ
|
|
|
ЈАВНА РАСПАРАВ ЗА НАЦРТ - БУЏЕТОТ ЗА 2009 |
|
Се одржаа јавните расправи по Нацрт-Буџетот на Општина Велес за 2009 година. Фондацијата ФОКУС и Општина Велес, по пети пат организираа јавна расправа по Нацарт - Буџетот на Општината за 2009 година. Јавната раправа се одржаа на 24.12.2008 за претставниците на месните самоуправи, институциите од областа на образованието, културата и здравствената и социјалната заштита и здруженијата на граѓани и фондации (спортски клубови, НВО, КУД и др.) и граѓани. На присутните претставници Градоначалникот на Општина Велес г-дин Аце Коцевски го презентираше нацрт – буџетот, а потоа поодделно присутните ги истакнуваа своите предлози за дополнување на буџетот.
|
|
Прочитај повеќе...
|
|
|
ПОКАНА за присуство на работилница за идентификација на граѓански приоритети за 2009 год. Општина Градско и Фондацијата за локален развој и демократија „Фокус“- Велес организираат работилница за идентификација на граѓанските приоритети за 2009 год. Приоритетите кои ќе бидат предложени на работилницата од страна на претставниците на месните заедници и невладините организации, ќе бидат доставени до општинските служби и Советот на општината со цел да бидат земени предвид при подготовка на Нацрт програмите на општината за 2009 година. За таа цел, Ве покануваме да присуствувате на работилницата закажана за 26.12.2008 год во сала на Општина Градско, со почеток во 12:00. Во прилог е предвидениот дневен ред на работилницата.
Со надеж дека ќе ја прифатите поканата за присуство Ве поздравуваме.
|
|
Прочитај повеќе...
|
|
|
ПОКАНА за присуство на работилница |
|
ПОКАНА за присуство на работилница за идентификација на граѓански приоритети за 2009 год. Општина Лозово и Фондацијата за локален развој и демократија „Фокус“- Велес организираат работилница за идентификација на граѓанските приоритети за 2009 год. Приоритетите кои ќе бидат предложени на работилницата од страна на претставниците на месните заедници и невладините организации, ќе бидат доставени до општинските служби и Советот на општината со цел да бидат земени предвид при подготовка на Нацрт програмите на општината за 2009 година. За таа цел, Ве покануваме да присуствувате на работилницата закажана за 25.12.2008 год во О.У. „М.М. Бирцо“ во Лозово, со почеток во 12:00. Во прилог е предвидениот дневен ред на работилницата. Со надеж дека ќе ја прифатите поканата за присуство Ве поздравуваме.
|
|
Прочитај повеќе...
|
|
|
ЈАВНА РАСПРАВА ЗА НАЦРТ БУЏЕТОТ ЗА 2009 |
|
Почитувани, Општина Велес и Фондацијата за локален развој и демократија „Фокус“, организираат Јавна расправа за нацрт буџетот на Општина Велес за 2009 година. Јавната расправа ќе се одржи на 24.12.2008 ( среда ) во големата сала на општината со почеток во 16:00 часот и истата е отворена за сите заинтересирани граѓани. 
|
|
Прочитај повеќе...
|
|
|
Фондација ФОКУС, на 01 декември 2008 година, потпиша Договор за годишен грант со ИТЗ (Институтот за трајни заедници) во рамки на програмата за јакнење капацитети на граѓанските организации, финансирана од УСАИД. Висината на грантот изнесува УС$ 25.083. Со средствата добиени од ИТЗ, фондацијата ќе го реализира проектот НИЕ ЗА ЗАЕДНИЦАТА кој има за цел да го зголеми учеството на граѓаните во донесувањето одлуки и креирање локални политики значајни за развојот на нивните заедници. Проектот ќе се реализира во општините Велес, Градско, Лозово и Чашка.
|
|
|
|
<< Почеток < Претходна 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 Следна > Крај >>
|
| Резултати 78 - 88 од 122 |