Logo of focus
Почетна страница
Почетна страница
Мапа на сајтот
За нас
Програма
Сервиси
Ресурси
Мислења
Донатори
Линкови
Признанија
Контакт
Архива
Општински програми и буџети
Годишни извештаи на Фокус
Најави се





Си ја заборавивте лозинката?
Сè уште немате налог? Направете
Поддржано од

FIOOM 



 

 Под исто сонце

 Лисица

БИДИ УРБАН ВО ВЕЛЕС

Image

Младинскиот клуб при Фондацијата “Фокус” во рамките на проектот „Младите за отворено општество - Локална младинска иницијатива“, кој се реализира во партнерство со Младинскиот образовен форум (МОФ), финансиски поддржан од ФИООМ,  организира јавен настан со наслов:

„Биди урбан во Велес “

Јавниот настан го организираме со цел да се подигне урбаната култура помеѓу младите во Велес преку стрип цртање, ликовни работилници, промоција на фотографии, цртање на графити, музички настап, модерен балет и возење на ролерки.

Настанот ќе се одржи на ден 17.06.2009 год (среда) со почеток од 19:00 часот, во младинскиот парк на Општина Велес.

Посебна чест ќе ни претставува доколку и Вие присуствувате на настанот и ги проследите креативните творби и промоцијата на младите уметници од Велес.

 
СПОРТУВАМЕ ЗА ПОСРЕЌНО ДЕТСТВО

 Image

Голема спортско - хуманитарна манифестација на Општина Велес, Општинската организација на Црвениот крст, Сојуз на училишен спорт, Друштвото на спортски педагози и  Фондацијата за локален развој и демократија  „Фокус“  на  заедничка прес конференција ја најавија големата спортско рекреативна и хуманитарна манифестација. „СПОРТУВАМЕ ЗА ПОСРЕЌНО ДЕТСТВО“.

Оваа активност  претставува дел од планираните активности на Општина Велес во областа на спортот за 2009 година.
Манифестацијата годинава се одржува за прв пат со тенденција да се проширува и да прерасне во традиционална.

Оваа голема спортско – рекреативна и хуманитарна  манифестација ќе се одржи на 6 јуни 2009 година на Градскиот стадион и на спортските терени во Градскиот парк.

 

Прочитај повеќе...
 
РЕАКЦИЈА ИЛИ ?????

Почитувани сограѓани, подоллу е писмо објавено од нашите Верни пријатели www.velenews.mk прашањето е само дали е само обична реакција или ???? 

Исплашено писмо до непознат заканувач !

Видно потресени и неручани поради заканата (којзнае дали и ќе вечераме), некако собираме сила да одговориме на твојата наредба.Од една страна сме замрзнати од  мислата дека можеш да не  хакнеш, но од друга страна среќни што конечно најдовме некој што ја застапува (втората) страна од црната топилничка приказна. Вака исплашени, (од под кревет) најпонизно молиме,(пред да не хакнеш) да ни дадеш неколку информации(оти нели тебе те пратиле да го браниш загадувачот)
Предпрашање  - Дали местоположбата на Топилницата е грешка и ако е така, кој би не натерал ПАК да живееме со грешката што им ги урниса животите на велешани? Ние нашата грешка си ја плативме со животи на велешки бебиња кои се раѓаа и заминуваа истовремено.

Прочитај повеќе...
 
Велешките дебатери Прво место

Дебатните тимови на Фондацијата Фокус и гимназијата Кочо Рацин ги освоија првите места.

Image

Во организација на Младсински образовен форум вчера во Неготино се одржа полуфиналето од циклусот дебати на тема „Перспективите на Западниот Балкан за членство во ЕУ до 2015година".

Учествуваа осум дебатерски групи од  Неготино, Кичево, Битола и Велес.Двата тима кои го преставуваа Велес се членови на дебатниот тим при Фондацијата Фокус и гимназијата Кочо Рацин.

Надица Кулеџиовска, Надица Трајковска, Марија  Лазовска беа дебатерите од тимот на афирмативци кои на зададената тема „Перспективите на Западниот Балкан за членство во ЕУ до 2015година" го освоија првото место.

Дебатерите за прв пат  дебатираа на англиски јазик.Она што е интересно според организаторите е високиот степен на познавање на предностите на ЕУ и ставот дека Македонија потребно е што поскоро да стане дел од европското семејство.

Прочитај повеќе...
 
ЈАВНА ДЕБАТА

Image

Во рамките на проектот „Акција за Европа“ што во организација на Македонскиот центар за меѓународна соработка, ФИООМ, Младинскиот образовен форум и фодацијата „Фокус“ - Велес се реализира во повеќе градови во Република Македонија, на 7-ми мај во салата на Општина Велес се одржа дебата на тема: „Планови за приближување на општината до ЕУ“.
На дебатата, пред околу 190 учесници, воведничар беше и  Амбасадорот на Република Полска Н.Е. Дариуш Карол Бахура кој пред присутните ги презентираше придобивките на Полска од влезот во европското семејство, како и преставници на ФИООМ и МЦЕО.

Прочитај повеќе...
 
АКЦИЈА ЗА ЕВРОПА

Image

Фондацијата институт отворено општество Македонија (ФИООМ), Македонскиот центар за европско образование (МЦЕО) и Младинскиот образовен форум (МОФ), организираат дебата на тема „Македонија и Европската унија“.  

Од нивно име и од име на Фондацијата Фокус како локален партнер за Велес, Ве покануваме да земете учество на дебатата која ќе се одржи на 7ми Мај (четврток), во Салата на општина Велес со почеток во 11:00ч.

 

Прочитај повеќе...
 
<< Почеток < Претходна 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 Следна > Крај >>

Резултати 56 - 66 од 122

Последни новости
E-MAIL
Волонтерски клуб
Што е волонтер?
Зошто волонтер?
Структура
Активности
Декларација
Адресари
НВО
Партнери
Месна самоуправа

 
ИНФО ЗА ЕУ

ИНФО ЗА ЕУ

  

      

      

НВО соработка
Veles

Caska
Gradsko
Lozovo
nvoinfocentar

 

АЛКА
 

© www.focus.org.mk powered by Joomla!