Logo of focus
Почетна страница
Почетна страница
Мапа на сајтот
За нас
Програма
Сервиси
Ресурси
Мислења
Донатори
Линкови
Признанија
Контакт
Архива
Општински програми и буџети
Годишни извештаи на Фокус
Најави се





Си ја заборавивте лозинката?
Сè уште немате налог? Направете
Поддржано од

FIOOM 



 

 Под исто сонце

 Лисица

АКЦИЈА ЗА ЕВРОПА: ДЕН III – MK @ EU ВО ВЕЛЕС

Членството во ЕУ не е можно без учество на граѓаните

Серијата целодневни настани „Акцијата за Европа: Ден III – Mk@EU“, на 14 септември, во Велес, ги информираше граѓаните за процесот на пристапување на Македонија во Европската унија.

Велешани имаа можност да дебатираат со дипломатските претставници од Шпанија и Португалија. На дебатата „Со нашите пријатели поблиску до ЕУ“ учествуваа амбасадорот на Португалија во Република Македонија, Луиш де Алмеида Сампајо, заменикот - шеф на мисијата на шпанската амбасада во Македонија, Марија Анџелес Гарсија де Лара, претставничката од португалскиот Институт за меѓународни односи, Соња Родригез и претставникот од шпанскиот Кралски институт „Елкано“, Хулио Креспо.

За португалскиот амбасадор, Луиш де Алмеида Сампајо, нема сомнежи дека Македонија и припаѓа на Европската унија. Зборувајќи за евроинтегративниот процес на неговата земја нагласи дека десетгодишната напорна дипломатска работа не била доволна за Португалија да прерасне во развиена земја. Португалија, спровела реформи во многу области, како образованието и јавната администрација, а подлабоките промени дошле по пристапувањето во Унијата, кога поголемите европски фондови станале достапни за државата. Португалија и Шпанија, нагласи Сампајо, и покрај долгата историја на војни и несогласувања, сега имаат одлични политички, дипломатски и економски односи, додавајќи дека помирувањето со соседите не значи губење и на националниот идентитет. За амбасадорот Сампајо, членството во ЕУ не е можно без учеството на силно граѓанско општество и уште посилно индивидуално учество на граѓаните, во процесот на пристапување.

 



 

Прочитај повеќе...
 
Соопштение на Општина Велес
Во тек е изготвувањето на нацрт-програмите за активностите на Општина Велес во 2010 година во областа на:  образованието,    културата,   социјална и здравствена заштита,   спорт, млади и     поддршка на НВО секторот. Сите институции, здруженија на граѓани и поединци кои имаат проекти од поширок интерес на заедницата и конструктивни предлози и идеи за активности што треба да се реализираат во 2010 година, можат да доставуваат свои предлози.

 

Предлозите се доставуваат до Општина Велес, Одделение за образование, култура, здравство, социјална заштита, спорт и соработка со здруженија на граѓани и фондации, ул. „Панко Брашнар“ бр.1 или во електронска форма на e-mail: katica.cadieva@veles.gov.mk. најдоцна до 16.10.2009 година.
Прочитај повеќе...
 
ФОНД - 365 дена /денар-цент

Фондација „Фокус“  под мотото 365 ДЕНА / ДЕНАР-ЦЕНТ, започна со реализација на проектот „Воспоставување Фонд за поддршка“ за децата од социјално загрозени семејства од општините Велес, Чашка, Градско и Лозово, поддржан од Здружението Конект, ИТЗ и УСАИД.

Во Фондот ќе се собираат средства од донации на фирми, индивидуалци и сограѓани од дијаспората. Со собраните средства ќе се обезбедува храна, училишен прибор, облека и обувки за најзагрозените ученици од прво до четврто одделение од сите основни училишта од четирите општини. Вака ќе им се помага на децата да се ослободат од секојдневните грижи за да постигнуваат подобри резултати.

Ако сакате да ја покажете Вашата ХУМАНОСТ и да се придружите на нашата хумана мисија, донирајте на жиро сметките кои за таа цел се отворени во Комерцијална банка:

300270000081648

девизна 0270100249291

 

 
АКЦИЈА ЗА ЕУ

Фондацијата институт отворено општество Македонија (ФИООМ), Македонскиот центар за европско образование (МЦЕО) и Младинскиот образовен форум (МОФ), организираат дебата на тема „Македонија и Европската унија“.  Од нивно име и од име на Фондацијата Фокус како локален партнер за Велес,

Ве покануваме да земете учество на дебатата која ќе се одржи на 14ти Септември (понеделник), во Ликовниот салон во Велес со почеток во 12:00ч.,а ќе продолжи во салата „Бели мугри“ во 16:00ч. 

За време на настанот ќе се одржат две дебати, една информативна сесија,презентација на куси документарни филмови и една театарска претстава  со следниот тек:

Прочитај повеќе...
 
Поптпишани догвоори за иницијативи

Image

Фондацијата ФОКУС во рамки на реализација на активностите од проектот „Ние во заедницата“ финансиски поддржан од Институтот за трајни заедници (ИТЗ) од фондовите на УСАИД, по објавениот јавен повик за поддршка на иницијативи на граѓански организации, на 10 септември 2009 година ги потпиша договорите на  поддржаните 8 иницијативи.

 

 

Прочитај повеќе...
 
ЈАВЕН ПОВИК

Фондацијата  Фокус со финансиска поддршка од Институтот за Трајни Заедници (ИТЗ), преку фондови на Агенцијата на Соединетите Американски Држави (УСАИД) го објавува следниов: 

 

ЈАВЕН ПОВИК ЗА КОНСУЛТАНТСКИ УСЛУГИ  ЗА ПОДГОТОВКА НА СТРАТЕГИЈА

ЗА ФИНАНСИСКА ОДРЖЛИВОСТ НА ФОНДАЦИЈАТА

Од избраниот консултант се очекува да:

- Подготви предлог методологија за подготовка на стратегија за финансиска одржливост;

- Подготови и фацилитира работилница за креирање стратегија;

- Одржи дополнителни консултативни средби за доработка на стратегијата.

Кандидатите треба да ги исполнaт следниве услови:

*Да имаат искуство во одржување обуки и работилници за подготовка на стратегии за финансиска одржливост на организации;

*Да ја познаваат работата на непрофитниот сектор.

При аплицирањето, кандидатите треба да достават:

*Кратка биографија;

*Предлог методологија и динамика за подготовка на стратегија за финансиска одржливост ;

*Предлог програма за работилница;

*Цена на чинење на услугата.

Ангажманот се однесува на најмногу 10 работни денови заклучно до 10 октомври 2009.

Документите, може да се достават лично во просториите на Фондацијата или да  се испратат на следните адреси: 

Фондација за локален развој и демократија „Фокус“-Велес 

на ул. „Трајче Панов“ 22, 1400 Велес,

со назнака ЗА ЈАВЕН ПОВИК



E-mail: Оваа адреса на е-пошта е зашититена од спем-ботови, потребно е да го вклучите Javascript-от за да ја погледнете

Јавниот повик  е отворен до 28 август 2009 година. Избраниот кандидат ќе биде контактиран најдоцна до  09 септември 2009 год.

 

Дополнителни информации за јавниот повик може да се добијат на веб страната на Фондацијата, www.focus.org.mk

ПОВЕЌЕ

 
<< Почеток < Претходна 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 Следна > Крај >>

Резултати 45 - 55 од 122

Последни новости
E-MAIL
Волонтерски клуб
Што е волонтер?
Зошто волонтер?
Структура
Активности
Декларација
Адресари
НВО
Партнери
Месна самоуправа

 
ИНФО ЗА ЕУ

ИНФО ЗА ЕУ

  

      

      

НВО соработка
Veles

Caska
Gradsko
Lozovo
nvoinfocentar

 

АЛКА
 

© www.focus.org.mk powered by Joomla!