Реализирани првите две работилници на Здружението „БОРКА – за секој нов ден“ за рано откривање на рак на дојка.
Во рамките на проектот “Ние за заедницата” кој е во имплементација на Фондацијата “Фокус” од Велес, а е финансиски поддржан од Институтот за трајни заедници (ИТЗ) од фондовите на УСАИД. На 28 и 29 Октомври.2009 година, во општините Лозово и Градско, се реализира инцијатива “Едукација на жителите во руралните средини за важноста на превентива и навремено откривање на ракот” во имплементација на Здружение „Борка – за секој нов ден”-Скопје, огранок Велес.
Општина Велес и Фондација ФОКУС ги покануваат граѓаните на 3-ти и 4-ти ноември 2009 година да присуствуваат на јавните расправи за Буџетот и програмите за активностите на општината за 2010 година.
Јавната расправа за претставниците на здруженија на граѓани и фондации (спортски клубови, здруженија на граѓани и фондации, културно-уметнички друштва и граѓани ќе се одржи на 3-ти ноември (вторник) со почеток во 18 часот, во големата сала на Општина Велес.
Јавната расправа за претставниците на институциите од областа на образованието, културата, здравствено-социјалната заштита и за сите заинтересирани граѓани ќе се одржи на 4-ти ноември (среда), со почеток во 17 часот. Јавната расправа со претставниците на урбаните и месните заедници ќе се одржи истиот ден, со почеток во 18 часот.
За да ги погледнете Нацрт-програмите посетете го следниот линк.
На работилницата која се одржа на 20.10.2009 година во интернатот на основното училиште ,,Тодор Јанев,, во населба Чашка присуствуваа 17 учесници. Петнаесет од нив беа претседатели или членови на месните заедници и двајца претставници од локалната самоуправа. На работилницата присуствуваа претставници од следните месни заедници: МЗ Крајници, МЗ Илинден Чашка, МЗ Мелница, МЗ Богомила, МЗ Горно Јаболчиште, МЗ Мартолци, МЗ Теово, МЗ Чашка, МЗ Еловец, МЗ Керамидна Чашка, МЗ Лисиче. Претставникот на МЗ Горно Јаболчиште бил овластен да ги презентира приоритетите за МЗ Долно Јаболчиште и МЗ Горно Врановци.
На работилницата која се одржа на 20.10.2009 година во малата сала на општина Градско присуствуваа вкупно 15 учесници од кои еден претставник на општината, четворица претставници на невладини организации и шест припадници на месни заедници. Од месните заедници беа присутни претсавници од МЗ Горно Чичево, МЗ Долно Чичево, МЗ Кочилари, МЗ Градско, МЗ Ногаевци, МЗ Уланци и претставници од невладините организации ,,Мрена,, ,,Надеж,, КУД ,,Стоби,, и Младински совет Градско, како и претставник на здружението на пензионери.
На работилницата која се одржа на 26.10.2009 година во општина Лозово присуствуваа вкупно 17 присутни од кои 3 претставници од локалната самоуправа, градоначалникот Орце Цветковски, директорот на јавното претпријатие Лозово, советници од општина Лозово, наставник и 5 претставници на месни заедници.
Работилница за идентификување на приоритети О.Лозово
ПОКАНА
За присуство на работилница за идентификација на граѓанските приоритети за 2010 година.
Почитувани,
Општина Лозово и Фондацијата за локален развој и демократија ,,ФОКУС,, -Велес организираат работилница за идентификација на граѓанските приоритети за 2010 година.
Приоритетите кои ќе бидат предложени на работилницата од страна на месните заедници и невладините организации, ќе бидат доставени до општинските служби и Советот на општината со цел да бидат земени предвид при подговтовка на Нацрт програмите на општината за 2010 година.
За таа цел, Ве покануваме да присуствувате на работилницата закажана за 19.10.2009 год. (понеделник) во малата сала во општина Лозово со почеток во 15.30 часот.
Со поканата Ви го доставуваме и предвидениот дневен ред на работилницата.
Фондацијата ,,ФОКУС,, за сите присутни учесници ќе обезбеди превоз, печатени материјали и освежување.
Со надеж дека ќе ја прифатите поканата за присуство Ве поздравуваме.