Logo of focus
Почетна страница
Почетна страница
Мапа на сајтот
За нас
Програма
Сервиси
Ресурси
Мислења
Донатори
Линкови
Признанија
Контакт
Архива
Општински програми и буџети
Годишни извештаи на Фокус
Најави се





Си ја заборавивте лозинката?
Сè уште немате налог? Направете
Поддржано од

FIOOM 



 

 Под исто сонце

 Лисица

Дедо Мраз на мотор ги изненади децата од Велес

Новогодишни пакетчиња добија 100-тина деца на најсиромашните семејства во градот.

Ним Новата Година посреќна  им ја направија триесетина членовите на клубот на мотористи Мото „Спиди Ист" заедно со претставниците на Фондацијата ФОКУС - Фонд за поддршка.  

 Tие со своите мотори ги посетија дечињата во нивните домови и им подарија пакетчиња.



Прочитај повеќе...
 
Фокус потпиша нов договор за грант

Фондацијата Фокус доби грант за реализација на својата годишна програма во износ од  1.342.200,00 мкд за период од една година.

Прочитај повеќе...
 
Донирана Анатамоска фотеља

 

Средношколците од Гимназијата „Кочо Рацин“, а воедно и членови на младинскиот клуб „Фокус“ организираа хуманитарен настан за прибирање на средства со наслов  „Дојди, види и помогни“, во рамките на проектотКреативна настава и учење“, кој е во имплементација на МОФ, а финснсиски е поддржан од ФИООМ и USAID.

 

 

 

 

Собраните средства беа уплатени на сметката на „Фондот за поддршка на сиромашните деца “ при Фондацијата „Фокус“. Со собраните средстава се купи анатомска фотеља, за дете кое учи во прво одделение во Посебното Основно Училиште „Маца Овчарова “, а неговите родители не се во состојба да му ја обезбедат истата.
 
Извештај од конференција

Конференција ,,Локална демократија и активно граѓанско учество,, во организација на Фондацијата ,,Фокус,, со поддршка на Институтот за трајни заедници преку фондови на УСАИД се одржа во големата сала на општина Велес на 14 декември 2009 година. На конференцијата присуствуваа вкупно 78 учесници. 37 од нив беа претставници од институции, 16 од месни самоуправи, 15 од невладини организации и 10 претставници од медиуми.

 

 


Конференцијата започна со воведно излагање на извршниот директор на Фондацијата Веса Шкортова која ги поздрави учесниците и ја објасни целта на конференцијата да се споделат искуства од примената на моделите за граѓанско учество во четирите општини Велес, Градско , Лозово и Чашка и да се поттикне меѓуопштинскатта соработка. Воведни излагања имаа и: заменик министерот за локална самоуправа, г. Ферат Фератоски и градоначалниците на четирите општини со кои соработува фондацијата, г. Горан Петров, градоначалник на општина Велес, г. Глигур Коцев, градоначалник на општина Градско, г. Орце Цветковски, градоначалник на општина Лозово, г. Горанчо Пановски, градоначалник на општина Чашка и г. Kent Lizzio, директор за демократија и локално владеење во УСАИД. По воведните излагања од г. Никола Сталевски од Центарот за истражување и креирање политики и г-а Славица Ќучукова Николова од Фондација ,,Фокус,, беа презентирани резултатите од спроведениот мониторинг за реализација на граѓанските приоритети спроведени од локалните самоуправи во сите четири општини.

Прочитај повеќе...
 
Конференција

на тема  „Локална демократија и активно граѓанско учество

Фондацијата за локален развој и демократија „Фокус“-Велес во рамки на проектот „ Ние за заедницата“ чија цел е да придонесе за поактивно вклучување на граѓаните во локалниот развој, организира еднодневна конференција за размена на добри практики на граѓанска партиципативност во креирањето локални политики и утврдување потенцијални можности за поголема меѓуопштинска соработка на општините Велес, Лозово, Градско и Чашка каде Фондацијата делува.

Проектот „Ние за заедницата“ се спроведува од декември 2008 година со финансиска поддршка од Институтот за трајни заедници (ИТЗ) со фондови на Соединетите американски држави (USAID) и во рамки на истиот беше спроведен процес на утврдување граѓански приоритети и мониторинг на реализацијата на општинските програми и буџети за 2009 година. Резултатите за опфатот на граѓанските приоритети и нивната реализација ќе бидат презентирани на конференцијата.

Конференцијата ќе се одржи на 14ти декември (понеделник) во големата сала на општина Велес, со почеток во 09:00 часот. 

На конференцијата се поканети и ќе се обратат: Заменик министерот за локална самоуправа, г.Ферат Фератоски, градоначалниците на општините: Велес, Градско, Лозово и Чашка, г. Горан Петров, г.Глигур Коцев, г.Орце Цветковски и г.Горанчо Пановски и г. Kenneth Lizio, директор за демократија и локално владеење во USAID.


Ќе ни биде особено задоволство ако ја прифатите нашата покана за учество на конференцијата.

Во прилог е предлог дневниот ред со напомена дека сеуште сме во очекување на потврда на присуствата на некои од воведничарите за сесијата и панелите.

 

Прочитај повеќе...
 
Извештај од јавна расправа о. Градско

На 07.12.2009 година во организација на општина Градско и Фондацијата Фокус во салата на општина Градско се одржа првата јавна расправа по Нацрт- програмите и буџетот на општината за следната 2010 година. На расправата присуствуваа 18 претставници од кои: градоначалникот Глугур Коцев, 2 од општинска администрација, 7 членови  на Совет, 6 претставници од месни заедници и 2 од здруженија на граѓани.
Прочитај повеќе...
 
<< Почеток < Претходна 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 Следна > Крај >>

Резултати 23 - 33 од 122

Последни новости
E-MAIL
Волонтерски клуб
Што е волонтер?
Зошто волонтер?
Структура
Активности
Декларација
Адресари
НВО
Партнери
Месна самоуправа

 
ИНФО ЗА ЕУ

ИНФО ЗА ЕУ

  

      

      

НВО соработка
Veles

Caska
Gradsko
Lozovo
nvoinfocentar

 

АЛКА
 

© www.focus.org.mk powered by Joomla!