Годишна програма за работа во 2010 година
Фондацијата за локален развој и демократија Фокус (регистрирана во октомври 2006 година) е невладина и непрофитна организација која работи на поддршка на локалниот развој и демократија базирана на принципите на добро општинско владеење и одговорно граѓанство. ФОКУС ги унапредува демократијата, локалниот развој и граѓанското општество, истовремено се стреми да стане финансиски стабилна организација, вклучена во локалните, националните и меѓународни мрежи на соработка. Етаблирајќи се во јавноста, исклучиво како субјет кој придонесува за вклучеснот на граѓаните во процесите на одлучување и демократскиот развој. Развива и поддржува иницијативи кои се темелат на принципите на добро општинско управување и одговорно граѓанство и делува во општините Велес, Градско, Лозово и Чашка. Главна цел на Фондацијата е да изгради одржлив модел на партиципативност на граѓаните во одлучувањето и развојот на заедницата, кој ќе биде применлив независно од промената на власта. Децентрализацијата и територијалната организација одпред 5 години внесоа промени во функционирањето на единиците на локалната самоуправа. Голем дел од надлежностите од централно се пренесуваата на локално ниво. Своите активности, фондацијата ќе ги насочи и кон интезивирање на ЕУ интергративните процеси, посебно фокусирајќи се на размената на исксутва, доближувањето на ЕУ до граѓаните на четирите општини, презентација на вредностите во ЕУ како и презентација на можностите кои ги нудат капацитетитена Македонија во нашиот регион. Залагајќи се за тарнспаретно и отчетно работење, заедно граѓанските организации и асоцијации, ќе го развиваме критичкото миселње и ќе вршиме промоција на сите позитивни трендови кои од нашите општини ќе се етаблираат кај граѓанството, а ќе се засноваат на евопските вредности. ФОКУС ќе се труди да ја доближува ЕУ до секој граѓанин. ЕУ интеграцијата како процес мора да се презентира во целост со сите граѓани според нивниот интерес за личен развој, а со тоа и развјот на локалната заедница каде живеат. Граѓаните од своја страна пак се недоволно информирани за надлежностите и работењето на локалната власт и недоволно се вклучени во развојните процеси на заедницата. Ова е особено изразено во општините Чашка, Лозово и Градско каде не постојат локални медиуми преку кои граѓаните би се информирале за тековните случувања. Освен објавување на информации на огласна табла, други начини на информирање речиси и да не се применуваат. Особено карактеристична е состојбата со месните самоуправи (МС) дефинирани како урбани и месни заедници. Месните заедници претставуваат нај основна форма за здружување на граѓаните и можност за изразување на нивните вистински потреби. Фондацијата своите цели ги остварува преку спроведување на програмски активности насочени кон поодговорно и потранспарнетно работење на општината, грижа за децата и младината, обука и информирање на граѓаните за остварување на нивните права во заедницата, поттикнување на граѓански инцијативви и сл. ФОКУС ќе ја развива соработката помеѓу граѓаните и локалната самоуправа, че влијае да се продлабочуваат восопоставените партнерства и соработка меѓу заентересираните страни и ќе создава услово за целосна граѓанска партиципативност. Веќе воспоставените партнесртва со меѓународни организации ќе ги интезивира и се залага за зголемување на бројот на соработки со сродни органзиации, посебно со земјите од ЕУ. Активностите ги спроведува преку организарње на разни информативни настани, форуми, работилници, обуки, манифестации и други облици, на транспарентен начин, преку постојана медиумска покриеност на активностите и постигнатите резултати. Стратешки области на целување: - Зголемување на учеството на граѓаните во процесите на одлучување и развојот на заедницата
- Создавање услови за транспарентно и одговорно општинско управување и промовирање на позитивни вредности во работењето на јавните институции
- Промоција на филантропијата;
- Развој на регионална и меѓународна соработка.
Вака поставените цели Фондацијата ги реализира низ три програмски области: А. Програма за зајакнување на капацитетите (на месните и урбани заедници, НВО и внатре организациски), Б. Програма за развој и добро владеење. В. Програма за филантропија
|