|
ДВЕ ГОДИНИ МЛАДИНСКИ КЛУБ |
|
|
|
Младинскиот клуб на Фондацијата „Фокус” во рамките на проектот Младите за отворено општество - Локална младинска иницијатива на 25.06.2010 година (петок) ќе ги реализира следните активности: Со почеток во 13.00 часот во просториите на Фондацијата ќе организира трибина со наслов „Преку неформално образование до најдобро сознание “. За придобивнките кои може да ги стекнат средношколците во неформалното образование ќе говорат Веса Шкортова, извршен директор на ,,Фокус,, м-р Асен Прличков, психолог, Маја Хеско, социолог, Дијана Иванова, новинар, Бобан Пановски правник од Техничко-технолошкиот факултет, Мартин Алексовски соработник од МОФ и Страхил Тодоров како модератор.  Во 18.00 часот во Младинскиот парк, ќе организира изложба на фотграфии од активности и настани на клубот со наслов „Преку неформално образование, до најдобро сознание “. Со овие активности ќе се одбележи две годишното работење на клубот. |
|
|
Нов прирачник за филантрпија на КОНЕКТ |
|
|
|
Здружението КОНЕКТ, Скопје го издаде водичот „Патот до ефективна поддршка на заедницата“ тој е првиот прирачник за корпоративна филантропија издаден во Р. Македонија.
Тој ќе им помогне на претпријатијата да ги осмислат своите приоди на корпоративна филантропија и на тој начин да ги зголемат ефектите од донациите за претпријатието како и за пошироката заедница.
Водичот е прилагоден на потребите на модерните раководители и е илустриран со примери од регионот како и приказни на позитивни примери од праксата на неколку македонски претпријатија.
Водичот е во издание на Конект, автор е Никица Кусиникова и е достапна на македонски и англиски јазик. Публикација е реализирана во соработка со Македонскиот институт за медиуми и Високата школа за новинарство и за односи со јавноста, а во рамки на Проектот за зајакнување на граѓанското општество.
Доколку сте заинтересирани да добиете примерок од публикацијата во печатена форма, Ве молиме контактирајте ги КОНЕКТ . Електронската верзија на македонски и англиски јазик е достапна тука |
|
|
Стратегија за финансиска одржливост на Фонд. "Фокус" |
|
|
|
Во рамки на проектот за Институционален развој на Фондацијата „Фокус”, кој е финансиски поддржан од Институтот за трајни заедници (ИТЗ) од фондовите на УСАИД, на 26 и 27 септември во Хотелот Молика се одржа работилница за „Подготовка на стратегија за финансиска одржливост на Фондацијата Фокус од Велес”. |
|
Прочитај повеќе...
|
|
|
Волонтерство |
|
|
14.03.2007 – ЕМИ 2, Проект за посредување при вработување на високообразовани кадри Активно партиципиравме во проектот ЕМИ 2, ги отворивме вратите за младите и амбициозни кадри желни за докажување. Интервјуиравме 6 многу добри кандидати, одбравме одлични двајца. |
|
Прочитај повеќе...
|
|
|