Печати

13.09.2016, Велес, На директна средба со граѓаните на општина Велес, Фондација „Фокус“ ја претстави веб интерактивната алатка www.prioriteti.focus.org.mk на која велешани може да ги даваат своите предлози за развојот на локалната заедница во текот на целата година. На заинтересираните граѓани им беше објаснет начинот на кој функционира веб алатката и како тие може да ги достават своите предлози.

Фондација „Фокус“ изработи упаство за користење на интерактивната алатка и истото го подели на граѓаните со цел да ја доближи апликацијата до што е можно поголем број граѓани.
Покрај средбата во Велес, Фондација „Фокус“ до крајот на оваа година ќе организира уште три средби со граѓаните на општините Градско, Лозово и Чашка кои покрај велешани може да доставуваат свои предлози и идеи на веб алатката.

www.prioriteti.focus.org.mk

Упатството за регистрација и најава на корисник.

Оваа активност беше поддржана од Цивика мобилитас.