Печати

Велес, 25.07.2016, Фондација за локален развој и демократија Фокус ги започна активностите за собирање средства за упис на студент од социјално немоќно семејство на еден од државните универзитети. Во саботата тимот на Фокус постави касичка во ресторанот на базен Снупи, како општествено одговорна фирма и ги повика присутните гости да донираат кој колку може.

Вакви активности ќе се реализираат до почетокот на септември годинава, касички ќе се постават уште во неколку локали, ресторани и маркети, а тимот на Фокус ќе посети и неколку фирми во градот.
Четврта година по ред Фондација Фокус ја реализира кампањата за собирање парични средства за упис на студент од социјално немоќно семејство. Досега успеа да запише тројца студенти на државните факултети.

Оваа активност беше поддржана од Цивика мобилитас.