Печати

Велес,20 јуни 2016, Фондација за локален развој и демократија „Фокус“ од неодамна започна со подготовките за реализирање на кампањата за собирање средства за запишување на студент од сиромашно семејство. Тимот на „Фокус“ еден месец работеше на изборот на слоганот и логото на кампањата, како и целокупна програма за медиумска кампања, што всушност се клучени елемени за нејзино успешно реалиизрање.

Оваа активност беше поддржана од Цивика мобилитас.

На работната средба, вработените, најпрво по концептот на клучни зборови, дефинираа термини кои треба да се опфатени во самото лого, при што додатно се мотивираа и даваа предлози како што се „Подари за уште една студентска диплома/насмевка“, „Денар по денар, да собереме пари и да запишеме студент кој сака а не може да учи“ , „Донирај за младинско образование” и други предлози. Потоа сите предлози беа во детали презентирани и дискутирани.

Од работните средби и дискусии, по оваа тематка, произлезе дека прво полезно е да се утврди слоган што ќе се однесува генерално, на целата програма за филантропија на Фондацијата, кој ќе гласи : „Не можеш да помогнеш на секој, но доволно е да помогнеш на еден (некој)“. А дополнително, врз основа на потребите, односно конкретен предмет за кампања, да се дефинира специфично лого, кое во овој случај, за потребите на собирање средства за запишување на студент од социјално немоќно семејство Би гласела „Сиромаштијата да не биде пречка за уште една студенстка диплома“.

Сега следува фаза на консултирање со претставници на медиуми и продукциски куќи кои работат на полето на маркетинг, дизајн и комуникации. Потоа, по дадените сугестии, а најдоцна за седум дена ќе биде избран слоганот по што ќе следи имплементирање на конкретни активности согласно предвидената медумска капања.
Инаку оваа кампања има за цел да омогне на најмалку двајца матуранти од социјално загрозени семејства да се запишат на еден од државните факултети со тоа што Фондација Фокус ќе помогне со мотивирање на граѓаните и локалната заедница да донираат средства, кој колку може и да се соберат потребните двеста евра, по студент, за запишување на двата семестри во студиската година.
По пауза од две години Фондацијата ја спроведува филантропската програма откако стана грантист на ЦИВИКА мобилитас. Од собраните средства досега се запишани тројца студенти и тоа во 2011 еден студент се запиша нa ФЕИТ, во 2012 студентот се запиша на факултетот безбедност и во 2013 на Фармацевтски факултет во Скопје.