Публикации

 
policy briefweb 2
javni nabavkiweb 2
Fokus Analiza2018 v4 web 1

Свети Николе, 28 март 2016, Креативките од Свети Николе, учеснички во проектот „Економско јакнење на жените од Вардарскиот регион“ на Фондација „Фокус“ и на словенечката „ИРД“, ги изложија своите креативните изработки во изложбена витрина поставена во ресторанот „Москва“ на Славјански универзитет во Свети Николе. Во оваа активност на поставување на производите, учествуваа и самите тие, покрај одговорниот тим за реализација на проектот.
Станува збор за стотина изработки за кои беше обезбедено место во изложбените витрини.

sv.Nikole 3 1  sv.Nikole 4


Изложбените витрини, беа посебно дизајнирани за оваа промотивна намена на производите. На истите, со натпис е потенцирано дека се работи за рачни изработки, за да се воочи специфичноста и уникатноста на секој од производите.
„Со поставување на овие витрини започнува фазата на промоција и потенцијална продажба на креативните изработки на жените вклучени во проектот и активностите. Еден од начините на промоција е овој останатите се однесуваат на веб промоција преку сајтот Креативка.мк, агентите за продажба кои на терен ќе ги промовираат производите пред бизнис заедницата и други заинтересирани лица. Изложените пак производи, во овие витрини, ќе може секој заинтересиран купувач да ги погледне и доколку му се допаднат истите да ги откупи од Креативкте. Со тоа од една страна ќе имаме задоволни купувачи а од друга страна ќе се постигне целта на проектот поточно економско зајакнување на жените преку продажба на производи и генерирање на сопствени приходи,“ рече координаторот на проектот Марија Алчева.

sv.Nikole 1  sv.Nikole 3 2

 

Седумнаесетте креативните жени од Свети Николе се задоволни од првичната промоција на нивните изработки. Сега сите тие очекуваат нивните изработки да ги видат што поголем број на потенцијални купувачи. Една од нив беше и Рахела Симеонова Манева која во име на оваа група на жени од Свети Николе искажа задоволство што учествува во проектот.
Ова се првите поставени витрини во Вардарски регион. Поставувањето продолжува и во останатите градови. Тоа е само една од повеќето активности на овој проект што во изминатата година ипол го реализираат „Фокус“ и партнерската „ИРД“ со финансиска поддршка од Министерство за надворешни работи на Република Словенија.