Печати

13.09.2016, Велес, Фондација за локален развој и демократија „Фокус“ ги поттикнува граѓаните на општина Велес да ги достават своите предлози и идеи за подобрување на локалниот развој со цел истите да бидат вклучени во креирањето на нацрт-програмите за активностите на општината во следната 2017 година. Велешани најдоцна до 16 Септември своите предлози во електронска форма може да ги поднесат на веб страницата на општината или истите да ги достават на хартија во просториите на општина Велес.

„Фокус“ ги мотивира граѓаните да присуствуваат и на јавните расправи по нацрт-програмите на општината на кои исто така може да се даваат предлози за решавање на конкретни проблеми, како и да ја следат работата на Советот на општината по претходна најава кај претседателот на Советот.
Граѓаните на општина Велес во текот на целата година своите предлози во форма на пишан збор, слика или видео може да ги доставуваат и на веб апликацијата на Фондација „Фокус“ www.prioriteti.focus.org.mk.
За начините на кои граѓаните можат да се вклучат во процесите на одлучување на локално ниво фондација „Фокус“ изготви леток и истиот го подели на граѓаните.

Оваа активност беше поддржана од Цивика мобилитас.