01.04.2020
Сошиени се по две повеќе наменски заштитни маски со мотото на граѓанската акција „Велешанки за јавното здравје“ и за вработените во Здравствениот дом во Велес. Денеска маските му беа предадени на директорот на јавната здравствена институција, Никола Димов. Тој ја стави првата заштитна маска а потоа останатите беа поделени на сите вработени. Први од маските доби службата за Итна медицинска помош.
29.03.2020
Професионалната шивачка Ружица Николова денеска на медицински сестри вработени во ЈЗУ Општа болница Велес им ја предаде втората изработена количина на повеќе наменски заштитни маски од хуманитарната акција “Велешанки за јавното здравје“. Со оваа количина всушност за сите вработени лекари, медицински персонал и техничка служба се изработени по две повеќе наменски заштитни маски.
Здравствените работници, техничкиот персонал и администрацијата во ЈЗУ Општа болница Велес денеска ја добија првата количина на заштитни маски сошиени од шивачки волонтерки од градот и помогнати од жени волонтерки.