Свети Николе, 14 јули 2016, Фондација за локален развој и демократија Фокус од Велес учествуваше на Регионалниот Форум за соработка „Твој простор, твој глас“, што се одржа на 14 јули во Градската библиотека во Свети Николе, во објект што е во склоп на Домот на култура. Форумот се одржа во организација на Граѓанските здруженија, грантисти на Цивика мобилитас од Вардарски и Североисточен регион. Домаќин на овој регионален Форум беше Организацијата на жени од Свети Николе.
Славица Ќучукова Николова го презентираше Фокус преку power point презентација во која беа опфатени сите досегашни активности и проекти на Фондацијата, а пред присутните над стотина претставници на граѓански здруженија од двата региони во државата, преку водео презентации беа промовирани актуелните проекти.
- Модератор на панел дискусијата на тема „Миграции-вистини и предизвик“ беше извршниот директор на Фондацијата Убавка јаневска а меѓу панелистите беа и доктор Лили Чолакова Дервишова и д-р Страхил Тодоров од Велес. Тие зборуваа на тема зошто да се остане или замине од Македонија ги детектираа проблемите со заминување на лекарите од Македонија на работа во странство а понудија и решенија за негово надминување. Докторите зборуваа и за тоа зошто младите високо образовни кадри без размислување ја напуштаат државата.
Еден од панелистите беше и доц.д-р Златко Николовски кој зборуваше за влијанието на миграциите врз мирот и развојот на Р.Македонија-контраиндикации или позитивни ефекти. Меѓу панелистите беше и Кирил Макаровски, раководител на секторот за нормативно правни работи кој зборуваше за изградбата на автопатот Скопје-Штип и експресниот пат Велес – Штип, можности за поголема мобилност, развој и сработка помеѓу Вардарскиот, Скопскиот, Североисточниот и Источниот регион. Во официјалниот дел на панел дискусијата зборуваше и претставник ЦИД на тема добрите и лоши страни на миграциите.
- Во дискусијата се вклучија и претставници од Граѓанските здруженија од Велес како Друштвото на родители за грижа за здраво поколение и на Организацијата на жени од Велес. Исто така беа присутни и претставниц на Извидничкиот одред Димитар Влахов, на Центарот за научна фантастика „Визија“.
- Во рамките на Форумот исто така Жените Креативки од проектот Економско зајакнување на жени од Врадрски регион, групите од Велес, Лозово и Свети Николе се презентираа со изложба на рачно изработени предмети, накит и парчиња облека.
- На крајот од целодневната активност свое претставување имаше и магионичарот и илузионист Иван Нацев кој изведе едночасовна програма пред деца од Свети Николе.