Публикации

 
policy briefweb 2
javni nabavkiweb 2
Fokus Analiza2018 v4 web 1

 

dime2

 Во соработка со општина Градско, на 01.12.2017 година, се одржа дебата на тема „Волонтер – Волонетрство„ која е во рамки на реализација на годишните активности на фондацијата поддржани од  CIVICA Mobilitas. Целта на оваа дебата беше да се потенцира важноста и непроценливата вредност на придонесот врз доброволна основа. Пред приустните млади, преставници на месни заедници, доброволни против пожарникари, пензионери, лица со посебни потреби, Диме Велев преставник на фондацијата, ја презентираше рамката на волонетрството во светот и Република Македонија. Потенцирајќи дека волонтерството не е загубено време, напротив тоа е непроценливо стекнато искуство и добивка, ги објасни можностите за волонтирање, особено законски  регулираните права на волонтерот и обврски кои треба да се остварат.

dime

Законската регулатива во Република Македоија, иако е слаба, сепак е основа за дефинирање кој е организатор на волонрестка работа, кој може и колку треба да биде ангажиран како волонтер. Присутните во дебатата истакнаа дека особено е важно во општина, каква што е Градско, добро е да се вклучат поединци во разрешување на микро потреби и проблеми со кои се соочуват граѓаните. Младите потврдија имаа огромен инетерес за вклучување во хуманитарни и акции за помош на лица со посебни потреби, за кои пак е идентификувана потреба за ангажирање волонтери – асистенти при редовното извршување на активности.