Публикации

 
policy briefweb 2
javni nabavkiweb 2
Fokus Analiza2018 v4 web 1

dekoНа ден 01. Декември 2017 година, Фондација за локален развој и демократија „Фокус“одржа инфо-средба во општина Градско со наслов  „Фокусирани во развојот на локалните заедници“.  Воведно обраќање на средбата имаше Дејан Ристов, кој ги наброја сите активности и настани што Фондацијата ги реализирала во соработка со општина Градско и тоа од програмата за добро управување, работилници за утврдување на приоритети, квартални инфо средби, јавни расправи по нацрт програмите како и поставувањето на инфо табли за соопштенија и одлуки од гласниците на општината.

Исто така беа реализирани повеќе заеднички иницијативи, интервентна поддршка во справувањето со елементарна непогода, поставување на легнати полицајци, поддрка на еден студент од социјално немоќно семејство за упис на државен факултет, доделени новогодишни пакетчиња за деца од сиромашни семејства, едукација на жени за рано откривање на рак на дојка како и поддршката на микропретпријатија во процесот на јавни набавки.

deko1

На средбата граѓаните на општина Градско зедоа активно учество и покрај нив на неа учествуваа и претставници на Месни заедници, вработени во општината и претставници на Граѓански организации. Граѓаните беа задоволни од тоа што Фондација Фокус им даде можност со своите предлози да се вклучат во развој на заедницата. Оваа активност е поддржана од ФООМ.