Публикации

 
policy briefweb 2
javni nabavkiweb 2
Fokus Analiza2018 v4 web 1

Пет работни средби за консултации со сите вклучени страни во процесот на јавни набавки досега беа одржани во Велес, Струга, Штип, Струмица и Тетово со цел прибирање мислења за утврдување финална листа на стандарди за мерење на транспарентноста, отчетноста и интегритетот во јавните набавки. Целта на средбите на кои што учествуваат претставници на договорни органи, бизнис-сектотор и невладините организации е да се разменат мислења за предлог листата на индикатори/стандарди за мерење на транспарентноста, отчетноста и интегритетот во јавните набавки на институциите на национално и на локално ниво, изработени од Центарот за граѓански комуникации.

 

По утврдување на конечните стандарди ќе се изврши рангирање на институциите според степенот на нивна примена, а во насока на поефикасно спроведување на јавните набавки во земјава. Вакви средби ќе се одржат и во Куманово, Битола и Скопје.
Активностите се спроведуваат во рамки на проектот „Мрежа за транспарентност, отчетност и интегритет во јавните набавки“, финансиран од ЕУ, чиј носител е Центарот за граѓански комуникации од Скопје, а партнер Фондацијата за локален развој и демократија „Фокус“.